Поранешен фудбалер од Премиер лигата и репрезентативец бил уапсен вчера на Островот по сомневање дека силувал жена во хотел во Лондон, објавија англиските медиуми.
Според информациите 24-годишниот фудбалер бил приведен во полиција на 9 октомври во еден ексклузивен хотел каде што една ноќ чини околу 1.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Името на фудбалерот засега не се открива поради истрагата, но се наведува дека играл за неколку англиски клубови и ја претставувал својата репрезентацијата. Се посочува дека препознатливо лице во англискиот фудбал.
„Жената го сретнала фудбалерот во бар во близина на хотелот и прифатила да се врати во неговиот хотел кадеш то претходно ја пријавил. Таа тврди дека тој ја нападнал и ја силувал. Жената се симнала на рецпеција и била многу вознмирана. Веднаш била повикана полицијата, а службените лица го уапсиле пред хотелот“, изјавил извор за британски „Сан“.
Информацијата за уапсеното лице е потврдена и од полицијата.
„24-годишник е уапсен во 09:53 часот по обвинувања за силувања. Пуштен е со кауција до средината на декември. Жената добива поддршка од специјално обучени службеници. Истрагата е во тек“, објавиле од полицијата.