Привремениот селектор на Англија, Ли Карсли призна дека селекцијата на Англија треба да ја води друг селектор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Карсли ја презеде Англија откако Герет Саутгејт ја напушти селекторската функција во средината на јули, по поразот од Шпанија со 1:2 во финалето на Европското првенство и оствари три победи во четири натпревари во Лигата на нации.
Англија вчера во Хелсинки ја победи Финска со 3:1 во Лигата на нации, а по овој дуел Карсли отворено истакна дека потребен е нов селектор.
„Оваа работа заслужува првокласен тренер кој освоил трофеи, полн со искуство, а јас сум на почетокот на патот“, изјави Карсли.
Карсли ја предводеше младинската фудбалска репрезентација на Англија до титулата на Европското првенство пред неговата работа „А“ репрезентацијата и се сметаше за сериозен кандидат да го замени Саутгејт, сепак со поразот од Грција во претходното коло започнаа најавите за негова смена.