Дома Фудбал Останато Скандал: На едни од најголемите клубови во Белгија им се заканува исфрлање во понизок ранг!

Скандал: На едни од најголемите клубови во Белгија им се заканува исфрлање во понизок ранг!

Скандал го тресе белгискиот фудбал, а вклучени се и гигантите од оваа земја.

Според пишувањето на медиумот „DeMorgen“ Гент, Генк, Шарлеои, Стандард, КВ Кортријк и Клуб Бриж би можеле да ја изгубат лиценцата за настап во најсилната белгиска лига. Нив им се заканува исфрлување во понизок ранг, а некои екипи би можеле да се најдат и во најискиот ранг и повторно да започнат од петтата лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Белгија актуелна е „Операција Нула“ каде што се спроведуваат акции против корупција и криминал во спортот и на распит се појавиле стотина осомничени. Под лупа се дури 57 клубови.

Според правилата на Фудбалскиот Сојуз на Белгија ако поединец е обвинет за корупција и криминал во фудбалот, автоматски и неговиот клуб би добил казна исфрлување. Таква е процедурата ако станува збор за претседател, директор или некој член на Управниот одбор на клубот.

Ако се докажат за виновни обвинетите ќе бидат суспендирани од фудбалот најмалку три години и би добиле забрана за занимавање со било каква работа која е поврзана со спортот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го спореди Халанд со напаѓачот вреден 145 милиони евра. Одговорот ги изненади Англичаните.

Пеп Гвардиола јасно изјави дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот н…