Српските медиуми откриваат дека непосредно пред мечот на Србија со Данска, во локал во Минхен, голманот на Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со еден српски навивач.
Како што информира „Телеграф“, Милинковиќ Савиќ имал физички контакт со српски навивач во еден српски локал во Минхен, каде на голманот му се забележало тоа што отишол да пие, наместо ад биде во карантин и да се подготвува за следниот меч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Што правиш ти тука? Треба да бидеш во карантин, а ти пиеш!“ наводно му дофрлил навивачот на голманот на Србија, на што овој веднаш возвратил и започнал физичка пресметка, која обезбедувањето успеало да ја смири.
Газдата на локалот потврдил дека имало инцидент, но дал малку поинаква верзија.
„Вања дојде во нашиот локал, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаа да го пуштат бидејќи носел репрезентативни шорцеви, што го налути и дојде до тепачка. Набрзо интервенирав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Сè се случи во градината“, изјави сопственикот на барот.