Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Отворена истрага против Франческо Тоти!

Скандал во Италија: Отворена истрага против Франческо Тоти!

Медиумите во Италија пишуваат за можен голем скандал во кој е вклучен легендарниот Франческо Тоти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоти наводно е осомничен за перење на пари и бил вклучен во сомнителен банкарски трансакции и сега се прегледуваат неговите банкарски сметки.

Италијанските медиуми наведуваат дека Тоти во август префрлил 80.000 евра на пензионерка, а истиот ден идентичен износ бил исплатен и до пријател на поранешниот фудбалер.

Се издвојуваат тие две трансакции, но постојат уште неколку сомнителни со што се достигнува и до сума од милион евра. Во работата бил вклучен пријател на Тоти кој е сопственик на неколку казина во Лас Вегас, Монте Карло и Лондон.

Во јавноста се огласија менаџерите на Тоти отфлувајќи ги сите обвинувања, сепак ќе треба да се почека да се види што ќе покаже истрагата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…