Јорданскиот фудбалски сојуз побара од Азиската фудбалска федерација истрага за да се утврди полот на голманката на Иран за која се сомнева дека е маж.
Иран се пласираше на Азискиот куп за жени кој ќе се игра во 2022 година победувајќи го Јорфан со 4:2 после изведувањето на пенали. Херој на тој натпревар беше иранската голманка Зохреха Коудеија за која Јорданците тврдат дека всушност била маж.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на јорданскиот фудбалски сојуз принцот Али Бин Ал-Хусеин објави писмо во кое бара проверка на полот сугерирајќи дека нивната голманка е маж кој се претставува како жена.
Хусеин тоа го опиша како сериозен проблем. Иранската селекторка, Марија Ирандуст ги отфрли таквите обвинувања.
„Медицинските лица ги прегледаа сите наши играчки“, изјави таа за иранските медиуми порачувајќи дека ќе го достави секој документ кој ќе биде побаран.