Дома Фудбал Си ја призна грешката: Бараше повеќе пари од Барселона, па си замина – сега сака да се врати!

Си ја призна грешката: Бараше повеќе пари од Барселона, па си замина – сега сака да се врати!

Илакс Мориба изминатото лето одлучи да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во дресот на Лајпциг.

Мориба во вториот дел од минатата сезона доби шанса во првиот тим на Барселона која и тоа како ја искористи и одигра неколку многу добри натпревари. Каталонскиот клуб потоа му понуди нов договор и сакаше да го задржи, но беа изненадени кога овој млад играч бараше значително поголема плата отколку што клубот му понуди.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Барселона поради финансиката криза не можеше да му понуди некоја голема сума, но сигурно очекуваа младиот фудбалер да остане. Сепак, Мориба продолжуваше со своите барања и не се откажуваше.

Меѓутоа на Мориба во германскиот клуб му оди послаби од она што очекуваше и во досегашниот дел од сезоната одигра само 100 минути и вкупно настапи само на шест натпревари. Веќе се шпекулира дека во јануари сака да го напушти Лајпциг и се надева на позајмица.

Шпанскиот новинар Жерард Морено објави и дека Мориба ја контактирал Барселона, понудил да се врати во клубот. Меѓутоа поради начинот на кој си замина останал без одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …