Во првата средба во рамки на полуфиналето од англискиот Лига Куп, Манчестер Сити славеше над Бристол со 2:1, а одлучувачкиот погодок го постигна Серхио Агуеро во последните моменти на средбата.
Четвртопласираниот тим одлично се држеше на „Итхад“, но во последните моменти сепак „Граѓаните“ се изборија за победа во пресрет на реваншот кој на програмата е на 23. јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостите поведоа во 44. минута со погодокот на Боби Рајд од казнениот удар за кој виновник беше Стоунс. Изедначи Де Бруин во 55. минутам, а победата ја донесе Агуеро во втората минута од судиското продолжение.