Манчестер Сити конечно успеа да го победи Ливерпул на домашен терен и покажа дека е главен фаворит за титулата оваа сезона.
Во првото полувреме Сити беше подобриот тим, а Ливерпул спорадично се закануваше. Во 37-та минута беше досуден пенал за „граѓаните“, но Гундоган не успеа да погоди од белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германецот ја поправи грешката на стартот на вториот дел. Фоден помина низ одбраната на Ливерпул и му асистираше на Гундоган, кој не беше чуван од никого и му донесе водство на „граѓаните“.
Неколку минути подоцна беше досусен пенал на спротивната страна, Салах израмни на 1:1 и тоа беше се што направија „црвените“.
Фоден уште еднаш ја измеша одбраната и му асистираше на Гундоган за 2:1. Три минути подоцна Стерлинг зголеми на 3:1, а потоа и Фоден се запиша во листата на стрелци.
Со оваа победа Сити се одлепи на врвот со 5 бода повеќе од Јунајтед, притоа „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.