Дома Фудбал Лига на шампиони Сите елиминации на Барселона имаат нешто заедничко и тоа е – Лионел Меси!

Сите елиминации на Барселона имаат нешто заедничко и тоа е – Лионел Меси!

messi

Барселона во вчерашниот натпревар против Рома и трет пат во низа се прости од Лигата на шампионите во ¼ финалето, а тоа полека прераснува во сериозна криза за Каталонците во најквалитетното европско натпреварување кое го освојуваа пет пати.

Она што се разликува од минатогодишните елиминации на Барселона е начинот на кој Каталонците испаднаа. Со сета почит кон Рома, името на противникот и го задава на Барса веројатно најголемиот удар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, сите елиминации на Барселона во изминатите години имаат една заедничка работа која е поврзана за Лионел Меси. Колку и тие да се обидуваат објаснат дека „Барса не е само Меси“ и дека овој тим може да биде (подеднакво) успешен и без него, тоа изгледа и не е баш така.

messi

Еве и поради што.

Лео Меси е најдобрииот стрелец во историјата на  Лигата на шампионите со точно 100 постигнати погодоци, втор стрелец на сите времиња во ова натпреварување (зад Кристиано Роналдо кој има 119 погодоци) и скоро да не постои клуб против кој не успеал да погоди барем еднаш.

Но, не може да е случајност тоа што секогаш кога Барса испаѓаше Меси не беше на ниво.

Од дебито на Меси за Барселона во 2005 година, Барселона девет пати испаѓаше во нокаут фазата.

2007 година беше елиминирана од Ливерпул, 2008 од Манчестер Јунајтед, 2010  од Интер, 2012 од Челзи, 2013 од Баерн, 2014 и 2016 од Атлетико Мадрид, 2017 од Јувентус и 2018 од Рома.

Лео Меси на ниту еден од тие натпревари (во реваншите) не постигна погодок и очигледно е дека директно е поврзан со неуспесите на Каталонците, токму како што е поврзан и со најголемите резултати на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…