Дома Фудбал Англија Сите го „селат“ во Барса, а сега се ОГЛАСИ и Кутињо

Сите го „селат“ во Барса, а сега се ОГЛАСИ и Кутињо

Фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо се огласи во јавноста по повод новите шпекулции за неговата иднина.

Како што е добро познато, Барселона во текот на летото силно го посакуваше Фелипе Кутињо во своите редови, а сега се очекуваат нови напади веќе во јануари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По повод оваа ситуација се огласи и Бразилецот.

„Играм во една од најдобрите лиги во светот и навистина сум среќен тука. Но, сега ми е важно да се сконцентрирам на репрезентацијата на Бразил. Во овој момент сум задоволен од својот живот“, изјави Кутињо.

Кутињо со репрезентацијата на Бразил во вторник на „Вембли“ ќе одигра пријателски натпревар против Англија. Тој од 22 октомври беше надвор од терените поради повреда, но сега се опорави и најави дека ќе биде спремен за настап против Англија.

„Јас сум 100% спремен. Бев повреден и пропуштив неколку натпревари, но сега се враќам и подготвен сум за овој натпревар. Секогаш е голема чест да се носи дресот на репрезентација“, изјави 25 годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …