Дома Останати Тенис Сите го критикуваат, но оваа фотографија можеби ја докажува невиноста на Синер

Сите го критикуваат, но оваа фотографија можеби ја докажува невиноста на Синер

Од вчеа во спортскиот свет актуелна е ситуацијата со Јаник Синер. Првиот светски тенисер во овој момент бил двапати позитивен на допинг на Индијан Велс, а таквата ситуација очекувано предизвика бурни реакции.

Во телото на Синер било потврдено присуството на недозволената супстанца клостебол, но нема да биде суспендиран. Причина е што грешката ја направи неговиот физиотерапевт, Џакомо Налди.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Како што стои во објаснувањето, Налди за време на Индијан Велс го повредил прстот и се здобил со исекотина. За заздравување тој користел крема која содржела минимално количство на клостебол, а телото на Синер го контаминирал вршајќи го вообичаениот третмант пред мечевите без ракавици.

Многумина се сомневаат и дел од тенисерите и ја критикуваа одлуката Синер да биде казнет само со одземените 400 бода од турнирот и парично, но сега се појави и фотографија која можеби покажува дека Синер е во право.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од мечот на Синер против Штруф на Индијан Велс и на истата може да се забележи преврзаниот прст на Налди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…