Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за Сусо и е спремен да ја плати откупната клаузула.
Диего Симеоне ова лето ќе прави реконструкција на тимот и на располагање ќе има солиден буџет, а еден од фудбалерите кои сака да го донесе во својот тим е ѕвездата на Милан, Сусо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која „јорганџиите“ се спремни да ја платат веднаш, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Милан нема да се противи на продажбата бидејќи има проблеми со Финансискиот фер-плеј и таа сума ќе биде потребна за да се наполни касата на клубот.
Сусо изминатите три сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Милан и тоа сигурно ќе биде голема загуба за „росонерите“.
Од друга страна играчот е среќен во Милан, но никогаш не криел дека сака да се врати во Шпанија.
#Milan, plusvalenza #Suso: l'#Atletico mette sul piatto 40 milioni https://t.co/Vz9XMgiKXv
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) June 9, 2019