Дома Фудбал Симеоне и Атлетико се „сопнаа“ против фенерџијата (ВИДЕО)

Симеоне и Атлетико се „сопнаа“ против фенерџијата (ВИДЕО)

Еспањол и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во денешниот натпревар од 26. коло од шпанската Ла Лига одигрувајќи 1:1.

Домаќините подобро влегоа во натпреварот и стигнаа до водство. Се играше 24. минута кога Стефан Савиќ ја погоди сопствената мрежа. Тоа беше и конечниот резултат во првото полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На самиот почеток во продолжение гостите стигнаа до изедначување. Саул погоди во 47. минута.

Тогаш изгледаше дека „јорганџиите“ ќе стигнат до цел плен, но сепак не успеаа да го загрозат голот на домаќинот и до крајот остана 1:1.

Атлетико после ова реми остана на 4. позиција со 44 освоени бодови, додека Еспањол е последен со само 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…