Атлетико Мадрид денеска ќе го одигра натпреварот во ЛШ на гости против Јувентус.
Тренерот на гостите, Диего Симеоне на прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше за својот противник, но и за Кристијано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот до сега одигра 32 натпревари против Атлетико и директно учествуваше во 33 гола кои овој тим ги прими во тие натпревари, но Симеоне и покрај тоа што го пофали Роналдо, смета дека неговиот тим не игра само против еден играч.
„Кристијано Роналдо е првак и не можеме ништо да кажеме. Тој е број еден кој секогаш прави разлика.“ – изјави Симеоне, па додаде:
„Сепак, мислам дека тоа не е дуел помеѓу Роналдо и Атлетико, бидејќи дојдовме да играме против Јуве.“
„Противникот е силен, моќна екипа и тренер со добар стил кој го пренесува во Јувентус.“