Фудбалерите на Атлетико во 46-тата минута од натпреварот против Локомотив Москва во Лигата на шампионите при резултат 0:0 го воодушевија светот со дисциплината која ја покажаа.
Скоро половина тим на Атлетико во тој момент трчаше назад по топката која ја загубија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на Атлетико за ваквата пожртвуваност беа наградени со победа од 2:0.
Сега тој момент го објасни и Диего Симеоне.
„Тоа што го направија моите играчи повеќе има врска со емоциите отколку со фудбалската тактика. Тоа беше доказ за пријателството и убава слика за жртвувањето едни на други како пријатели и соборци“, објасни Симеоне.