Дома Останати Тенис Се јави големиот критичар на Ѓоковиќ: Го изгуби разумот, не сум изненаден

Се јави големиот критичар на Ѓоковиќ: Го изгуби разумот, не сум изненаден

Познатиот британски новинар, Пирс Морган уште еднаш жестоко го критикуваше Новак Ѓоковиќ.

Морган е познат по своите ставови и изјави со кои знае да предизвика бурни реакции. Го навредуваше Ѓоковиќ по поразот во мечот за бронза на Олимписките игри во Токио, а тука беше да го критикува српскиот тенисер и за неговиот став за вакцинацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега Морган ги коментираше случувањата на Вимблдон кој го освои Карлос Алкараз со победа во пет сетови.

Новак Ѓоковиќ го изгуби разумот и не сум изненаден. Алкараз му ја одзема круната. Неверојатен меч. Се роди нова легенда на Вимблдон. Каков играч, каков меч, честитки“, порача Морган.

Но, по оваа порака со критики, Морган изненадувачки призна дека понекогаш и го симпатизира Ѓоковиќ.

„Имам помешани чувства за Ѓоковиќ. Секогаш кога сум сигурен дека го презирам, без разлика дали поради кршењето рекети или ставот за коронавирусот, тој држи говор како сега или пушта солза за својот син и повторно сум загрена заад него. Генијален играч, комплициран човек“, напиша Морган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа по два часа борба обезбеди полуфинале во Букурешт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да ја пишува својата успешна приказна во Р…