Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се чекаа нивните изјави, Меси и Сампаоли за натпреварот против Нигерија

Се чекаа нивните изјави, Меси и Сампаоли за натпреварот против Нигерија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина изјави дека неговата екипа се намачила против Нигерија во која обезбеди пласман во 1/8 финалето на Светското првенство.

Аргентина ја победи Нигерија со 2:1 со головите на Меси во 14 минута и Маркус Рохо во 86 минута. Голот за Нигерија го постигна Виктор Мозес од пенал во 51 минута.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Многу се мачевме. Ситуацијата беше тешка. Многу и ризикувавме. Секако, ова беше големо олеснување за сите нас. Знаевме дека не чека тежок натпревар, но за среќа ја исполнивме целата. Верувавме до последен момент и на крајот успеавме“, изјави Меси.

За медиумите зборуваше и селекторот Сампаоли, за кого многумина сметаат дека во овој момент нема никакви влијание на екипата.

„Го имаме најдобриот фудбалер во светот, а останатите мораат тоа да го искористат. Поради тоа кажав дека натпреварот против Хрватска е наш проблем, а не негов. Кога Лео ме гушна почуствував гордост и бев среќен бидејќи тој знае со колкава страст ја работам оваа работа. Тој знае дека имаме заеднички сон и дека во Русија сме за да направиме нешто големо за Аргентина“, изјави Сампаоли.

Аргентина во сабота во осминафиналето од Мундијалот ќе игра против Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…