Дома Фудбал Останато Се тресе столчето на Зидан: Ова се двата кандидати за негов наследник

Се тресе столчето на Зидан: Ова се двата кандидати за негов наследник

Зинедин Зидан освои многу важни трофеи со Реал Мадрид во претходните сезони, па навивачите поради тоа го сакаат, иако има и дел кои бараат негова оставка по серијата лоши резултати сезонава во Лигата на шампиони и Ла Лига.

Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат дека Зидан ќе добие отказ од претседателот Флорентино Перез, кој не е задоволен со тоа што може да го види на теренот од играчите.

Доколку се случи тоа, тогаш во конкуренција за кормилото на шпанскиот гигант ќе бидат двајца тренери, и тоа Раул Гонзалес, кој во моментов ги тренира младинците на Реал Мадрид, а вториот е Маурицио Покетино, кој е голема желба на Перез веќе со години.

Покетино е слободен да преговара со нови тимови, па поради тоа можеби Реал ќе се обиде да ја искористи ситуацијата, иако својата шанса од „сенка“ ја чека и Раул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастично деби: Мајсторски гол на Лука Јовиќ🎥

Лука Јовиќ пред неколку дена се врати во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица од Реал Мадрид и …