
Извршниот комитет на УЕФА денес го утврди новиот формат на Лигата на шампионите. Форматот ќе стартува во сезоната 2024/2025.




Денес само се потврдија најавените промени за групната фаза во која секоја екипа ќе игра по осум натпревари во иста група, односно во т.н „швајцарски систем“. Бројот не екипи учесници во најелитното европско натпреварување ќе се зголеми од 32 на 36.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Еден од најголемите новитети е што во Лигата на шампионите ќе има место за две екипи според клупскиот коефициент, односно екипите со најдобар коефициент ќе играат во Лигата на шампионите иако не успеале пласманот да го обезбедат преку домашното првенство.




Секоја екипа во групната фаза ќе игра четири натпревари дома и четири на гости, осумте најдобро пласирани екипи ќе се одат во нокаут фазата, а екипите од 9. до 24. позиција ќе играат плеј-оф за место во осминафиналето. Исто така по 36 екипи ќе учествуваат и во Лигата на Европа и во Конференциската лига.