Неверојатни вест попладнево пристигнува од Англија, поради која се „тресат“ Островот и Шпанија.
Според пишувањето на „Мирор“, во јануарскиот преоден рок два клуба би можеле да дојдат до посакуваната цел и тоа со навистина мега размена која ќе предизвика голем „бум“ на трансферот пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за Манчестер Јунајтед и Реа Мадрид. „Кралевите“ се спремни да се ослободат од Герет Бејл за кого најголем интерес покажа Јунајтед. Од друга страна пак на Реал Мадрид го сака Давид Де Геа.
Поради тоа англиските медиуми пишуваат дека е многу веројатно Де Геа во јануарскиот преоден рок да се врати во Мадрид, но овој пат во дресот на Реал, а во спротивен правец би тргнал Велшанецот Герет Бејл кој во Премиер лигата го носеше дресот на Тотенхем.
Перез на овој начин би се ослободил и од големата плата која ја добива Бејл во Мадрид. Според „Transfermark“ вредноста на Бејл се проценува на 80 милиони евра, додека Де Геа на половина помалку. Сепак, Манчестер Јунајтед претходно најави дека нема го пушти за помала сума од 80 милиони евра, па поради тоа сето ова има смисла.