Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се огласи предводникот на „Кариоките“: Тешко е сега да се зборува, можеби за некои 30тина години

Се огласи предводникот на „Кариоките“: Тешко е сега да се зборува, можеби за некои 30тина години

Репрезентацијата на Бразил со поразот од Белгија со 1:2 се прости од понатамошниот дел од Мундијалот во Русија.

Селекао најавуваше враќање на тронот, но налета на Белгија која има феноменална генерација која конечно направи голем резултат на големо натпреварување.

Како и целата нација на Бразил низ тешки моменти минува сега и селекторот Тите, кој на освојување на Мундијалот ќе мора да чека најмалку 4 години.

„Навивачите знаат како ова да го оценат. Тие следат игра и имаат разни емоции. Можеби нас оваа болка ќе ни мине со времето, но многу ми е тешко сега да зборувам. Можеби ќе можам за некои 30 години“, истакна Тите.

Во светските медиуми веќе се пишува дека Тите ќе остане селектор на Бразил и покрај елиминацијата во четвртфиналето, иако стратегот не сакаше да коментира на оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Голема бомба од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо го купува Ал Наср!

Кристијано Роналдо би можел од улогата на најголема ѕвезда на Ал Наср наскоро да се пресел…