Утрово се појави бомбастична вест од повеќе странски медиуми дека Пол Погба повеќе нема да игра за репрезентацијата на Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се пишуваше дека Погба сака да ја напушти репрезентацијата на Франција поради анти-исламска изјава на претседателот Емануел Макрон.
Наводно 27 годишниот играч за врска се навредил и се чувствувал понижен па одлучил повеќе да не го носи националниот дрес. Неколку часа подоцна се огласи и Погба со кратка, но прилично јасна објава на Инстаграм. Тој порача дека станува збор за лажни вести.
