Според пишувањето на шпанските медиуми Роберт Левандовски е се поблиску до трансфер во Барселона.
Преговорите за продолжување на соработката со Баерн Минхен се оддолжија, а полскиот напаѓач има желба да се пресели на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона го контактирала неговиот менаџер Пини Захави, кој исто така дал позитивни вибрации и спремен е да преговара за трансферот.
Со оглед на тоа што наскоро ќе наполни 34 години, Лева повеќе не е приоритет за клубот, а Баерн може и да заработи бидејќи Барселона е подготвена за него да плати и 40 милиони евра.
Агентот на Левандовски за каталонските медиуми потврди дека имал контакт со Барселона и дека трансферот би можел да се реализира на лето.
#PortadaSPORT 📰
— Diario SPORT (@sport) April 6, 2022
🔜 LEWANDOWSKI SE ACERCA
✅ Araujo renovará por el Barçahttps://t.co/wptfRgnGC7