Дома Фудбал Останато Се огласи газдата со пиштолот: Заложник сум на болниот систем!

Се огласи газдата со пиштолот: Заложник сум на болниот систем!

Сопственикот на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, Иван Савидис го привлече вниманието на светската јавност, откако со пиштол втрча на терен за време на натпреварот против АЕК.

„Немав право да влезам на теренот. Реагирав така поради целата негативна ситуација во грчкиот фудбал и поради сѐ што се случи на крајот на мечот. Јас, моето семејство и моите колеги сме заложници на болниот систем во Грција“, изјави Савидис

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не сакав да му наштетам на никого од АЕК, ниту на судиите. Само сакав да се заштитам од илјадниците навивачи. Ќе продолжам да се борам за чесен фудбал и натпреварите да се добиваат или губат на теренот, а не на суд“, додаде Савидис.

Претходно грчкиот министер за спорт, Јоргос Василијадис по состанок со премиерот Алексис Ципрас, одлучи на неопределено време да ја суспендира грчката Суперлига, а ФИФА и УЕФА ги осудија инцидентите во Солун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …