Дома Фудбал Репрезентации Се најде и таков играч: За него Серхио Рамос е најкоректниот фудбалер против кој играл

Се најде и таков играч: За него Серхио Рамос е најкоректниот фудбалер против кој играл

0

Репрезентацијата на Шпанија вчера на свој терен запиша победа против Норвешка од 2:1 во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Во тој натпревар беше досуден по еден пенал за Норвешка и Шпанија, а реализатори беа Џошуа Кинг и Серхио Рамос.

Токму овој двоец водеше голема борба на теренот, а како што тврди репрезентативецот на Норвешка, Серхио Рамос за него е еден од најкоректните играчи против кои играл.

„Ако мене ме прашувате мислам дека одиграв сосема добар натпревар против еден од најдобрите стопери на светот“, изјави Кинг за дефанзивецот на Шпанија и Реал Мадрид.

„Рамос во фудбалскиот свет имa стекнато имиџ на груб играч кој се служи со валкани трикови, но она што јас ќе го кажам е спротивно – не се сеќавам дека сум одиграл натпревар против повеќе коректен играч од него“.

„Не сум гледал негови натпревари, но мислам дека вчера стартовите беа сосема чисти и ми изгледаше како многу добар спортист. Доби некои дуели, некои добив и јас, се на се ќе кажам дека тоа беше добар натпревар“, смета Кинг.

Сигурно со зборовите на Кинг нема да се согласат голем број фудбалски фанови ширум светот, посебно тука се мисли на навивачите на најголемиот ривал на Реал Мадрид, Барселона и оние на Ливерпул (поради дуелот со Салах).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сакаше ли Нејмар да испрати некаква порака со цитатот од Боб Марли? (ФОТО)

Фудбалскиот свет го чека расплетот околу Нејмар и оваа сапуница сигурно ќе биде актуелна д…