Дома Топ вести Се кратат платите во Серија А: Роналдо „губи“ 9 милиони евра

Се кратат платите во Серија А: Роналдо „губи“ 9 милиони евра

Во Италија се погласно се зборува за намалување на платите на големите фудбалски ѕвезди поради новонастанатата ситуација и пандемијата со коронавирус.

Економијата во Италија е практично пред колапс, а и фудбалските клубови ќе прикажат огромни загуби, па поради тоа ќе му бидат намалени платите на фудбалерите за оваа сезона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со оглед на огромните примања на фудбалерите, кои оваа сезона сите заедно вкупно само од плати ќе заработат 1,36 милијарди евра, за да се заштеди логично е да се дојде до нивно кратење.

Тоа секако најмногу ќе се одрази на Кристиано Роналдо, кој е најплатениот фудбалер во Серија А, а кратењето ќе биде од 10 од 30% во зависност од тоа колкава е платата на фудбалерот.

Португалецот годишно заработува 31 милиони евра, што значи дека платата може да му биде намалена за точно 9 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…