„Росонерите“ ја победија Рома во преговорите и договорија одлично засилување.
Екипата на Милан го доведе и второто засилување, но она кое навивачите на италијанскиот клуб со нетрпение го очекуваа. Суперталентираниот играч од Брегот на Слоновата Коска утре наутро околу деве часот би требало да пристигне на лекарски прегледи, а потоа и ќе стави потпис на договор со клубот од „Сан Сиро“.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што пишува „Газете Дело Спорт“ во преговорите пресудиле одличните односи на Милан со менаџерот на Кесие, Џорџ Атањан.
Милан така ја победи Рома, која долго време преговараше со Аталната. „Росонерите“ ќе исплатат сума од 28 милиони евра.
Покрај Кесие утре би требало да биде промовиран и досегашниот дефанзивец на Виљареал Матео Мусакио.