Дома Фудбал Англија СЕ ВРАЌА „ЗАБОРАВЕНИОТ“: Јирген Клоп откри кога Чемберлејн ќе започне со тренинзи

СЕ ВРАЌА „ЗАБОРАВЕНИОТ“: Јирген Клоп откри кога Чемберлејн ќе започне со тренинзи

Клоп откри одлични вести за Ливерпул.

Ливерпул игра одлично оваа сезона, тоа можеби не е истата атрактивна игра од минатата сезона, но „црвените“ се без пораз и лидери се на табелата. Имаат шест бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем и седум од третопласираниот Манчестер Сити после 19 одиграни кола.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сега во продолжение од сезоната би можеле да добијат дополнително засилување.

Имено, Јирген Клоп денес откри дека Алекс Окслејд-Чемберлејн добро се опоравува и кон крајот на февруари или почетокот на март би можел да започне со нормалните тренинзи.

Англискиот интернационалец играше одлично минатата сезона, но се повреди во финишот во полуфиналето од Лигата на шампионите против Рома. Порати таа повреда го пропушти и Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се јави се човекот поради кого Модриќ повеќе не ја носи „десетката“ на дресот

Лука Модриќ стана нов фудбалер на Милан, а ќе им се приклучи на соиграчите на почетокот на…