Дома Фудбал Останато Се вмеша и Марио: Еве што Балотели му ПОРАЧА на Нејмар

Се вмеша и Марио: Еве што Балотели му ПОРАЧА на Нејмар

Познати се проблемите кој ПСЖ ги има со Кавани и Нејмар, сите светски медиуми пренесуваат дека двете големи ѕвезди не се во најдобри односи, а сега во целата ситуација одлучи да се вмеша контроверзниот Марио Балотели.

Да потсетиме, Кавани и Нејмар во два наврати имаа „дуел“ за тоа кој ќе изведе пенал, првата ситуација се случи на стартот од сезоната, а втората во последниот натпревар против Лион. И во двете ситуации како „победник“ излезе Уругваецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За односот на релација Нејмар-Кавани се крева огромна „прашина“, а свое мислење за ваквата ситуација одлучи да даде и секогаш интересниот Марио Балотели.

„Нејмар, не треба ниту да прашуваш дали да изведеш пенал“, порача Балотели преку социјалната мрежа Инстаграм.

Иначе и Балотели настапува во француското првенство и тоа во дресот на Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што се случува со ветеранот на Реал Мадрид?

ПРИКАЗНАТА на Дани Карвахал стана вистинска енигма во Реал Мадрид. Веќе еден месец целосно…