Дома Фудбал Италија СЕ БИЛО ЛАГА: Фиорентина НЕ го продолжила договорот на Астори!

СЕ БИЛО ЛАГА: Фиорентина НЕ го продолжила договорот на Астори!

Неверојатен гаф во Италија. Комесарот на Серија А Џовани Малаго на пресконференција и честираше на Фиоренатина што одлучила да му го продолжи договорот на Астори, а тоа всушност била лажна вест.

Вчера сите италијански и светски медиуми објавија дека Фиорентина одлучила да му го продолжи договорот на Астори и парите да и ги дава на неговата фамилија. (ОВДЕ).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На веста „наседна“ и комесарот на Серија А Џовани Малаго, а потоа јавно се огласи Фиорентина и ја демантираше веста.

„Само тишина и почит за да го сочуваме споменот на Давиде. Фиорентина е се уште во шок од трагичниот настан и замолува за тишина и почит. Во името на сите“, стои во соопштението на Фиорентина.

Италијанските медиуми тврдат дека соопштението е за Малаго лично, бидејќи е несватливо како така висок функционер да даде неодговорна изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси го заврши првото засилување под палката на новиот тренер!

Челси направи сериозен чекор напред во потрагата за засилување во последната линија. Лондо…