Славата секогаш со себе си повлекува и доза на ароганција, некогаш „оправдано умерена“ (како да е нормално човек да биде арогантен, така си сфатиле луѓево), но многу често неоправдано тенденциозна.
Таков е случајот и со сестрата од Кристиано Роналдо, иако веруваме не злонамерно и со задни безобразни намери. Не дека таа е нешто посебно славна, повеќе се шлепа по семејна линија на славата од својот планетарно популарен брат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога станува збор за ароганција на социјалните мрежи, сестрата на Роналдо, Катја Авеиро изгледа има слични навики како својот славен брат.
Една од нејзините последни објави на Инстаграм е фотографија на која позира со фигура од својот брат облечена во дрес од Јувентус, во музејот во Фуншал, со коментар на фотографијата:
„Ќе ми каже ли некој каде е Торино? Сакам да знам каде игра најдобриот на светот“. Фотката ја објави истиот ден кога Роналдо го имаше првиот тренинг во дресот на „Старата дама“.