Дома Фудбал Серхи Роберто прифатил драстично намалување на платата

Серхи Роберто прифатил драстично намалување на платата

Сержи Роберто, е еден од капитените на Барселона, а сега се согласи на драстично намалување на платата.

Според актуелниот договор Роберто заработува девет милиони евра по сезона, меѓутоа сега се согласи за двегодишен договор вреден шест милиони евра. Тоа значи дека во следните две години ќе заработува само третина од она што го има според сегашниот договор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Чави сака Роберто и понатаму да биде дел од Барселона. Управата на клубот се сложува, а и Роберто сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Наскоро ќе пристигне и официјалната објава за договорот“, пишува каталонскиот „Спорт“.

Роберто е дете на Барселона, за првиот тим дебитираше уште во 2010 година. Сезонава поради повреда одигра само 560 минути. На терените би требало да се врати на пролет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …