Дома Фудбал Серхио Рамос постави СРАМЕН рекорд

Серхио Рамос постави СРАМЕН рекорд

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денес постави негативен рекорд во Примера.

Имено, дефанзивецот стана играч со најголем број добиени жолти картони во историјата на шпанската лига, точно 163.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рамос стана рекордер откако денес доби официјална опомена од судијата на мечот против Леганес во Примера. Поради овој жолт картон капитенот на „кралевите“ ќе го пропушти следниот меч против Алавес.

Инаку, 31-годишниот Рамос е лидер и според бројот на добиени црвени картони – точно 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mислев дека ќе ме избркаат од Реал кога го повредив Зидан

Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот …