Дома Останати Тенис Серена Вилијамс во полуфиналето на УС Опен

Серена Вилијамс во полуфиналето на УС Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс синоќа ја победи чешката тенисерка Каролина Плискова со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3 и дојде меѓу четирите најдобри тенисерки на последниот Гренд слем оваа сезона.

Плискова имаше добро отварање на натпреварот. Направи брејк во третиот гејм и имаше предност од 3:1, а Серена подоцна спасува и три брејк топки.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Меѓутоа, во клучните моменти на првиот сет Вилијамс беше доминантна. Со два брејка по ред и сигурни сервиси доаѓа до освојување на првиот сет со 6:4 и водство со 1:0 во сетови.

Вториот сет беше лесна работа за Серена. Поведе со 4:0, потоа даде мала надеж на Плискова да може нешто да направи, но тоа не е и дозволи.

Вилијамс го доби и вториот сет со 6:3 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Американец им дава надеж на фановите на Ѓоковиќ: Бев и јас во иста ситуација, па – играв на Вимблдон!

Американскиот тенисер Тејлор Фриц смета дека има големи шанси Новак Ѓоковиќ да игра на ово…