Новиот селектор на македонската репрезентација, Благоја Милевски повика двајца дебитанти во репрезентацијата.
Искусните Тричковски, Пандев, Велкоски заминаа во пензија, Несторовски е уште повреден, па Милевски ќе прави подмладување на репрезентацијата.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Доскорешниот младински репрезентативец Никола Серафимов ќе биде освежувањето во одбраната на македонската фудбалска репрезентација.
Одличниот напаѓач Бојан Миовски, кој бележи фантастични настапи во дресот на МТК, исто така доби повик во репрезентацијата и ќе биде замена за Несторовски.