Дома Топ вести Сензација од Островот: Ливерпул спрема 158 милиони фунти за ѕвездата на Реал!?

Сензација од Островот: Ливерпул спрема 158 милиони фунти за ѕвездата на Реал!?

asensio

Познатиот англиски медиум „The Sun“ пренесува сензационална вест!

„Тhe Sun“ повикувајќи се на доверливи извори пренесува дека Ливерпул е спремен да понуди огромни 158 милиони фунти за услугите на младата ѕвезда на „кралевите“, Марко Асенсио.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што се наведува Јирген Клоп сака да создаде пеколен напад и на веќе фантастичното трио, Роберто Фирмино, Мо Салах и Садио Мане, да го додаде еден од најпреспективните и најскапите млади фудбалери во Европа.

Сепак, ова ќе биде пеколно тешка задача за клубот од „Енфилд“ со оглед на тоа што Асенсио потпиша нов договор со Реал Мадрид со важност до 2023 година и во кој има откупна клазула од 615 милиони фунти.

Во некој случај доколку Реал Мадрид би се согласил да го продаде Асенсио, Шпанецот би станал трет најскап фудбалер во историјата зад Нејмар и Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола во Италија најде замена за Родри

Манчестер Сити остана без еден од најважните фудбалери, Родри, кој заработи тешка повреда …