Дома Фудбал Селта, Џирона и Реал Сосиедад се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп

Селта, Џирона и Реал Сосиедад се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп

Се одиграа уште три натпревари од Кралскиот куп, а пласман во четвртфиналето обезбедија Селта, Реал Сосиедад и Џирона.

Селта победи со 3:1 на Местаља против Валенсија. Тимот од Виго веќе во 18. минута имаше два гола предност преку Де ла Торе и Дувикас, но „Лилјаците“ успеаја да ја намалат разликата во 29. минута по пенал кој Пепела го претвори во гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Конечниот резултат го постави Дувикас со својот втор гол на гостувањето, а Де ла Торе забележа асистенција.

Како гостин, Реал Сосиедад победи со 2:0 против Осасуна.

Првиот гол за Сосиедад го постигна Ојаразабал во 56. минута од пенал. Конечниот исход го постави Мерино во судиското надополнување.

Вредна победа извојуваа и фудбалерите на Џирона кои на домашен терен го совладаа Рајо Ваљекано со 3:1.

Џирона водеше со 3:0 до 26. минута. Головите за првопласираната екипа од шпанскиот шампионат ги постигна Стуани во 15. и 19. минута и Дени Блинд во 26. минута.

Конечниот резултат го постави Нетко во 36. минута кој го ублажи поразот на гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите му се восхитуваат на Клоп за одговорот на понудите кои ги доби

Легендарниот германски тренер Јирген Клоп го напушти Ливерпул лето 2024 година после скоро…