Дома Фудбал Селта со пресврт дојде до триумф против Лас Палмас кој полека се збогува со Ла Лига

Селта со пресврт дојде до триумф против Лас Палмас кој полека се збогува со Ла Лига

Во последниот меч од 27. коло во шпанската Ла Лига, Селта Виго на домашен терен славеше против Лас Палмас со 2:1 и така се зацврсти на средината на табелата.

По првото полувреме немаше погодоци, а потоа во 53. минута Еспосито погоди за водство на гостите од 1:0.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Само девет минути подоцна, Џони погоди за израмнување на 1:1, а потполен пресврт на домашните донесе Ернандез во 89. минута по асистенцијата на Аспас.

Лас Палмас останува на 18. позиција која следната сезона ги води во втората лига и можат да жалат за поразот, со оглед на тоа дека сега имаат бод помалку од 17. пласиораниот Леванте. Селта е деветта до 38 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…