Македонија утре ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а прв противник ќе ни биде Летонија против која ќе играме на домашен терен.
Летонците веќе пристигнаа во Скопје, а денес на прес-конференцијата зборуваше селекторот на оваа репрезентација Славеша Стојановиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стојановиќ кој е селектор на Летонија еден месец е свесен дека Македонија е фаворит во овој натпревар, а го истакна и јубилејот на нашиот капитен Горан Пандев кој утре ќе го одигра 100-тиот натпревар во дресот на репрезентацијата.
По тој повод Пандев утре ќе истрча со специјално дизајнирани копачки (ФОТО ТУКА).
„Добро ја познавам Македонија и играчите на оваа репрезентација. Тоа се фудбалери кои играат во меѓународните лиги. Во Лигата на Нации одиграа одлично и беа први во својата група. Во овој натпревар јубилеј ќе слави и Горан Пандев. Пандев е фантастичен играч, зборуваме за играч од врвна класа, минатиот викенд му даде гол на Јувентус. Македонија е фаворит, но ние ќе направиме се што можеме за поволен резултат бидејќи сакаме добро да ги започнеме квалификациите“, изјави Стојановиќ.