Дома Фудбал Каков циркус: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД!

Каков циркус: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД!

Ситуацијата околу иднината на Роџерс Мато во Вардар доби епитет на вистинска трансфер-сага, со контрадикторни информации кои пристигнуваат во само 24 часа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако вчера шкотски Хартс јавно објави дека постигнал договор со Мато и дека фудбалерот по истекот на договорот со Вардар на лето ќе се пресели во Шкотска, денеска следуваше целосен пресврт од таборот на „црвено-црните“.

Од Вардар информираа дека клубот ја прифатил понудата која пристигнала од Спортинг Канзас Сити, екипа која настапува во МЛС лигата во САД, со што американската опција во овој момент изгледа како најреална.

„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси“, објави Вардар.

Дополнително, од клубот потенцираат дека 20 отсто од вредноста на трансферот ќе ѝ припаднат и на Брера, поради претходните договорни обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…