Дома Останати Ракомет Митев: Данска е фаворит, наше е да дадеме максимум!

Митев: Данска е фаворит, наше е да дадеме максимум!

Македонската ракометна селекција веќе е сместена во Данска, каде што ќе ги одигра сите три натпревари од воведната фаза на Европското првенство. По краткиот период за одмор по пристигнувањето, „црвено-жолтите“ денеска влегоа во завршната фаза од подготовките за големиот континентален настап.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Силкеборг е базата во која избраниците на селекторот го темпираат формалниот пик, а целото внимание е насочено кон премиерниот дуел против домаќинот и еден од главните фаворити за титулата – Данска. Во националниот табор владее работна атмосфера, а средниот бек Марко Митев потенцира дека планот се реализира без отстапки и дека пристапот кон првиот меч е јасен – борба до максимум.

„По напорниот пат добивме ден за одмор. Утрово имавме фитнес-тренинг, а вечерва продолжуваме со работа во сала. Европското првенство започнува за три дена и целиот наш фокус е на првиот натпревар со Данска. Тие се фаворити, но наше е да дадеме максимум и да се обидеме да извлечеме добар резултат. Имаме уште неколку дена за тактичка и физичка подготовка и се надевам дека ќе можеме да го испратиме нивниот ритам“, изјави Митев.

Во рамки на финалните подготовки, македонската репрезентација ќе одигра уште еден тест-натпревар против данскиот второлигаш Мидтјиланд, кој ќе послужи како последна проверка пред стартот на шампионатот. Потоа, мислите целосно ќе бидат насочени кон првиот официјален предизвик на ЕП 2026 – дуелот со Данска, кој ќе се одигра во петок во Хернинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по не…