Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Ерменија претпазлив: Не чека натпревар против квалитетен противник

Селекторот на Ерменија претпазлив: Не чека натпревар против квалитетен противник

Репрезентацијата на Ерменија ќе биде првиот противник на Македонија во новата сезона од Лигата на Нации.

На последната прес-конференција нормално зборуваше селекторот Хоакин Капарос и тој очекува отворен натпревар на двете селекции кои можат да дојдат до победата.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Едвај го чекам овој натпревар. Очекувам да гледаме отворена битка на две селекции со сличен квалитет во составот. Македонија не е наивен противник, тоа е селекција составена од играчи кои заедно играат неколку години. Фудбалерите ги познавам затоа што некои играат во Шпанија. Штета е за Димитриевски што нема да биде тука. Не сакам да зборувам за минатото и победата во Ереван, гледаме во сегашноста и таа ни кажува дека пред нас имаме квалитетна репрезентација“,изјави шпанскиот стратег.

Натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија се игра утре од 15:00 часот на Арената „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…