Дома Топ вести Селекторот на Аргентина: Икарди е блиску до Реал Мадрид!

Селекторот на Аргентина: Икарди е блиску до Реал Мадрид!

Аргентинскиот селектор, Хорхе Сампаоли ги потврди шпеклациите дека напаѓачот на Интер Мауро Икарди е блиску до трансфер во Реал Мадрид.

Икарди денес додатно ги запали шпекулациите со својот пост на Инстаграм (ОВДЕ).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мауро е блиску до Реал Мадрид. Тие го следат и тој се чувствува поласкан да премине во Мадрид“, изјави Сампаоли.

Икарди во договорот со Интер има откупна клаузула од 110 милиони евра која наводно „кралевите“ се спремни да ја платата.

Сепак, порано денес раководството на италијанскиот клуб потвди дека Икарди сигурно нема да замине во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…