Дома Фудбал Останато Секс афера во Англија: Славен фудбалер две години, ја лажел „швалерката“ дека продава автомобили! (Фото)

Секс афера во Англија: Славен фудбалер две години, ја лажел „швалерката“ дека продава автомобили! (Фото)

Неверојатна секс афера ја потресе Англија, а главен актер е поранешниот фудбалер на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул.

Станува збор за славниот фудбалер Коло Туре кој беше и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Имено додека настапувал за Манчестер Сити запознал една девојка во ноќен клуб на која лажно и се претставил и не и открил дека има сопруга.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тогаш 27 годишниот Коло ја убедил девојката дека работи како продавач на автомобиле во Африка и дека одлично заработува. Тоа му успеало бидејќи девојката баш и не следела фудбал.

Врската траела две години, а се било откриено кога Туре, кој се претставил како „Франсоа“ престанал да и се јавува.

Несреќната девојка и се пожалила на својата пријателка истакнувајќи дека „Франсоа“ повеќе не и се јавува, па и покажала фотографија од него додека бил под туш, по што следувал вистински шок.

Имено, пријателката веднаш сфатила за што се работи, па и порачала на „google“ да напише Коло Туре.

„Таа беше во шок кога и го покажав Франсоа. Ми кажа да одам на интернет и да напишам Коло Туре. Тогаш јас останав во шок бидејќи видов кој всушност бил Франсоа. Искрено, не можев ниту да претпоставам дека е професионален фудбалер, бидејќи фудбал навистина не следев. Тогаш сфатив зошто никогаш не сакаше да се сликаме“, изјави измамената девојка.

ture

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…