Дома Фудбал Останато Фудбалскиот свет му „фаќа“ сеир на Туре: Поради милионите заборави што изјави пред две години

Фудбалскиот свет му „фаќа“ сеир на Туре: Поради милионите заборави што изјави пред две години

Jaja Туре се откажа од намерата да оди во пензија и денес официјално потпиша за кинескиот второлигаш Кингдао Хуангхаи.

Туре пред два месеци објави дека оди во пензија ова лето откако половина година беше без клуб. Искусниот играч за врска минатото лето потпиша договор со Олимпијакос, но си замина после само три месеци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако одлучи да оди во пензија на крајот го смени мислењето. Туре денес официјално беше претставен како нов играч на Кингдао Хуангаи со кој потпиша договор на две години вреден неколку милиони долари.

Веднаш после ова голем број фудбалски фанови потсетија на она што го кажа пред две години кога ги критикуваше сите фудбалери кои одат да играат во Кина.

„Јас во Кина? Не! Од тоа нема ништо. Би се чуствувал баш луто кога би морал да играм таму. Еве ве прашувам вас – фудбалот се игра поради пари или поради љубов?“, изјави тогаш Туре.

Изгледа милионската понуда била доволна за Туре да „заборави“ што изјавил, па прифати да игра дури и во втората лига во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…