Дома Фудбал Глупост на кариерата на Јаја Туре: Доби црвен картон после 10 секунди (ВИДЕО)

Глупост на кариерата на Јаја Туре: Доби црвен картон после 10 секунди (ВИДЕО)

Jaja Туре од кинескиот Кингдао Хунгхаи се прости на еден неславен начин.

Последниот настап на Туре за кинескиот тим траеше само 10 секунди. Само што се тргна од центарот Туре го удри играчот на противничката екипа, Натонг Зихјан и доби црвен картон откако снимката беше прегледана со помош на ВАР.

За поранешниот играч на Манчестер Сити и Барселона ова беше трето исклучување во кариерата, а ваков непромислен потег од фудбалер со повеќе од 600 одиграни натпревари е навистина изненадување.

Инаку, за Кингдао како и за Туре ова беше последен натпревар во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно гледа кон Тотенхем: Удоџи е опција за јануари

Дестини Удоџи е меѓу решенијата за левата бековска позиција во Јувентус, а евентуален тран…