Дома Македонски спорт Седум поени за Димитријевиќ во поразот на Валенсија

Седум поени за Димитријевиќ во поразот на Валенсија

Гран Канарија и застана на патот на Валенсија и ја прекина низата од осум победи во сите натпреварувања.

Во еден неизвесен натпревар Гран Канарија после продолжението од пет минути славеше со 91:90. Валенсија може да жали што не ја продолжи низата затоа што во финишот имаа осум поени предност.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на паркетот помина 26 минути и постигна седум поени, додаде уште пет асистенции, две украдени топки и два скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англис…