Дома Фудбал Седум години играше на секој натпревар за Франција, а сега ја прекина рекордната серија

Седум години играше на секој натпревар за Франција, а сега ја прекина рекордната серија

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман (32) ќе ја прекине рекордната серија од 84 последователни настапи за француската фудбалска репрезентација.

Поради повреда на скочниот зглоб, Гризман ќе ги пропушти пријателските натпревари против Германија во Лион на 23 март и Чиле во Марсеј три дена подоцна.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико се појавува на секој натпревар на Триколорите во последните седум години, а тренерот Дидие Дешамп наместо него го повика играчот од средниот ред на Лацио, Матео Гендузи.

За француската репрезентација Гризман на 127 настапи постигна 44 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвува тежок „удар“ за Барселона: Фудбалерот кој беше на чекор од „Камп Ноу“ – се сели во Мадрид!

По слабата сезона во која останаа без титули, Реал Мадрид агресивно настапува на трансфер …