Дома Фудбал Останато Седлоски го раскина договорот со Динамо Загреб

Седлоски го раскина договорот со Динамо Загреб

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Б-тимот на Динамо Загреб, откако спогодбено го раскина договорот со клубот.

Седлоски за тренер на Б-тимот на Динамо беше промовиран на 13 мај, а причина за неговото заминување е коронавирусот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Седлоски и клубот проценија дека во оваа ситуација најдобро е да се разделат, со оглед на тоа дека голем број натпревари се ближат, а македонскиот тренер има проблеми со вирусот.

46 годишниот Седлоски четири пати бил во самоизолација, а пред два дена неговиот тест на Ковид-19 бил позитивен.

Динамо веднаш му најде замена на Седлоски на тренерското место на Б-тимот, каде што ќе седне Иван Прелец, поранешен фудбалер и тренер на младите категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски стана четвртиот најстар играч со хет-трик во Ла Лига

Барселона извојува победа од 4:2 против Селта во Виго, со што го намали заостанувањето зад…